Кејот на Вардар во релација „Гостиница кај Жабарот“ - хотел „Александар Палас“ - „Гостиница кај Жабарот“.

April 26, 2025

Хуманитарна Walk&Run трка

Ротаракт Клуб Скопје Центар и AKKA Run Club ве покануваат да се придружите на 26ти април на хуманитарна Walk&Run трка на која ќе го активираме спортскиот дух, но и ќе помогнеме за една добротворна цел. Со почеток во 9:30 часот, на кејот на Вардар ќе трчаме (или шетаме) со цел да помогнеме на лицата и фамилиите засегнати од трагичниот настан во Кочани. Трката ќе се одржи на кејот на Вардар во релација „Гостиница кај Жабарот“ - хотел „Александар Палас“ - „Гостиница кај Жабарот“. Цена на котизацијата е 500 денари за сите учесници. Дополнително, на самата трка ќе ни се придружат и слатките пријатели од Happy Shelter, кученца што бараат свој топол дом. Ќе имате можност да ги запознаете и, можеби, да најдете свој нов најдобар пријател! Бројот на учесници е ограничен, задоа побрзајте да го обезбедите вашето место на следнава форма. Не пропуштајте шанса да бидете дел од оваа прекрасна иницијатива! Се гледаме на стаза!
Хуманитарна Walk&Run трка
← Назад кон сите настани