Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите лица повредени во пожарот во Кочани
Објавено на November 14, 2025 at 07:06 PM

Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите лица повредени во пожарот во Кочани

Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите лица повредени во пожарот во Кочани

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите  лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“ истакнуваат од Support Kocani.
Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.